март 28, 2025

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ТРЕТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА 2025 ГОДИНА

На ден 26.03.2025 година (среда), Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше редовна граѓанска крводарителска акција во Гевгелија.

На крводарителската акција која се одржа во просториите на ЈОУ Пионерски дом Гевгелија во периодот од 10 до 16 часот вкупно крв даруваа 58 граѓани. Оваа крводарителска акција го потврдува зголемениот интензитет и интерес на граѓаните на територијата на ЦКРСМ ОО Гевгелија за дарување на крв и придонес за спас на човечки живот.

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија изразува благодарност до сите граѓани кои се вклучија во хуманата мисија, а воедно, ги поттикнуваме и останатите наши сограѓани да се приклучат на следните крводарителски акции.

< врати се назад