
јули 5, 2025
СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН
Општинската организација на Црвен крст Гевгелија како дел превентивните активности за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови и почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури ги споделува следните совети:
- Избегнувајте престој на отворени простори и изложување на сонце во периодот од 11:00 – 17:00 часот
- Доколку е неопходно да престојувате на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце
- При директна изложеност на сонце носете заштитни средства како заштитна капа, наочари за сонце, крема со заштитен фактор и сл.
- Совети за облека – облечете лесна и светла облека, најдобро од природни материјали како памук. Избегнувајте темни бои кои ја задржуваат топлината
- Внесувајте голема количина течност – најдобро вода, а избегнувајте алкохолни пијалаци, пијалаци кои содржат кофеин и екстремно ладни пијалаци
- Совети за исхрана – внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна, како и храна која содржи поголема количина шеќер
Грижа за најранливите и заедницата – проверете дали вашите стари родители, деца и домашни миленици се безбедни и добро хидрирани. Во вакви периоди, секоја помош е важна. Помогнете им на соседите и пријателите кои може да имаат потешкотии со топлината. Заедно сме посилни!


< врати се назад