јули 23, 2025

ОБУКА ЗА РЕАЛИСТИЧКО ПРИКАЖУВАЊЕ НА РАНИ И ПОВРЕДИ

Во периодот од 19.07-21.07.2025 година во Струга во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија беше организирана обука за шминкери за реалистичко прикажување на рани и повреди, на која учество зема и волонтер од Општинската организација на Црвен крст Гевгелија.

На обуката учествуваше нашиот волонтер Мартин Стојанов кој се стекна со потребните знаења и вештини за автентично и реалистично прикажување на широк спектар на повреди.

Целта на оваа обука е да се зајакнат капацитетите на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија при организирање на натпревари по прва помош, симулациски вежби и едукации.

< врати се назад